петок, 26 јули 2024

Влада: До 29 февруари остануваат замрзнати цените за основните прехранбени производи

Владата на Македонија денеска го продолжи рокот за ограничување на цените до 29 февруари, наместо до 31 јануари. Со оваа одлука останува ограничувањето на цените на основни прехранбени производи – ориз, брашно, леб и други пекарски производи, бисквити, наполитанки, тестенини, месо и производи од месо, млеко, јајца, сирење, кашкавал и други млечни проиводи.

Објавено на

часот

Сподели

На предлог на Министерството за економија до 29 февруари останува ограничувањето на цените и за минералната негазирана и газирана вода и негазирани и газирани пијалоци (сокови), во определени пакувања и светло пиво.

Владата, на денешната седница утврди и текст на предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање.

Измените, како што е образложено од предлагачот, Министерството за транспорт и врски, се направени во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и со нив, за прв пат во 30 години, се уредува пренамената на земјоделско земјиште. Односно, се забранува пренамена на земјоделско земјиште од 1 и 2 катастарска класа – за изградба градежни објекти, а попрецизно се уредува пренамената на земјоделско земјиште од 3 и 4 катастарска класа за ваква цел.

Владата донесе и Програма за печатени медиуми за 2024 година со цел да се спречи намалувањето на бројот на печатени медиуми, да се овозможи нивен одржлив развој и да се помогне во обезбедувањето медиумски плурализам.

Со цел да се надминат правни празнини коишто претставуваат реален предизвик за демократијата и владеењето на правото, Министерството за правда ги уреди прашањата за конфискација без осудителна пресуда, односно конфискација на имот во граѓанска постапка. Предложените законски решенија, како што е посочено, се во согласност со документи подготвени од странски и домашни експерти, преку проект на Советот на Европа, а во коишто се оценува дека секое спречување на ланецот на користење имот и имотна корист од кривично дело, за кое има или нема правосилна судска одлука, значи поголем успех на државата да го заштити доброто на заедницата и на поединецот од организираниот криминал и корупција и нечесно стекнување на имот, соопшти Владата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ