четврток, 24 октомври 2024
ЦУК

Вкупно 40 пожари за 24 часа, активни се девет

Во текот на изминатото деноноќие, имало вкупно 40 пожари на отворен простор, од кои во моментов 9 се активни, 5 се под контрола и 26 се изгаснати.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштуваат од ЦУК, активни пожари има девет, и тоа во општина Македонски Брод: с.Тажево – с.Брезница – Крак кон Јасен, општина Пробиштип, с.Зелениград – с.Јамиште, општина Пробиштип  с.Долно Барбарево и општина Пласница: с.Пласница – с.Латово, Македонски Брод , општини Демир Хисар и Охрид: Илинска Планина, општина Зелениково: Смесница – Страхојадица – Градовци, општина Охрид: Косел – Волино – Опеница, општина Студеничани: с.Вртеќица и општина Ново Село: с.Бадилен

Под контрола се пожарите кои избувнаа во општина Пехчево: с.Негрево, општина Кочани: с.Пресека, општина Кратово: с.Татомир, општина М.Брод: с.Грешница и општина Свети Николе: с.Патетино.

Изгаснати се 26 пожари и тоа во општините Свети Николе: Долно и Горно Ѓуѓанци, општина Старо Нагоричане: с.Малотино и Жегљане, општина Липково с.Слупчана, општина Липково с.Лојане, општина Липково с.Ваксинце – с.Слупчане, општина Липково с.Матејче, општина Радовиш: ул.Тоцко Андонов, општина Боговиње: с.Горно Седларце, општина Виница: м.в.Виничко Поле, општина Гостивар: с.Дебреше, општина Струга с.Ложани, општина Струга пат Струга – Калишта, општина Дебар с.Блато, општина Дебар с.Спас, општина Кичево с.Зајаа, општина Кичево с.Мамудовци, општина Кичево с.Долно Пашино, општина Охрид: ул.Јовица Новичич, општина Сарај с.Горни Крушопек, општина Сарај 2: с.Семениште, м.в.Рамниште, општина Сарај с.Копаница, општина Центар: под Кале, кај резиденција на МПЦ, општина Студеничани: с.Студеничани, општина Шуто Оризари: ул.Гвадалахара, општина Петровец: с.Ржаничино и општина Бутел: с.Љуботен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ