Како што соопшти МВР, околу 13:20 часот во близина на наплатна станица Демир Капија, во правец Неготино-Демир Капија, полициски службеници го забележале возилото и дале знак за негово запирање. Возилото продолжило со движење, по што на наплатната станица возачот го запрел и тој со уште едно лице го напуштиле местото. При преглед во возилото биле пронајдени мигрантите, а по преземени мерки бил пронајден возачот В.К., кој бил лишен од слобода и задржан во полициска станица.
Увид бил извршен и за настанот бил известен јавен обвинител, по чија наредба мигрантите ќе бидат сместени во прифатно-транзитен центар во Табановце и во Прифатниот центар за странци-Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.