сабота, 27 јули 2024

ВЈО смета дека Пале треба да биде на слобода за убиството на партнерот од кого трпеше насилство

Објавено на

часот

Сподели

Наспроти колегите од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Велес кои бараа да се укине ослободителната пресуда и предметот да се врати на повторно судење поради погрешно утврдена фактичка состојба, денеска на јавна седница во Апелацискиот суд во Скопје, ВЈО се согласи со ослободителната пресуда побара отрфрлање на жалбата на колегите од основното обвинителство.

„На ден 01.06.2022 година беа закажани рочишта по предметот ‘Убиството во Велес’ на која јавна седница пред Апелациониот суд Скопје јавниот обвинител од ВЈО Скопје предложи да се одбие жалбата на ОЈО Велес како неоснована”, соопштија од Коалицијата „Сите за правично судење”.

Велешанката Павлинка Илоска Пале пред Основниот суд во Велес изјави дека се бранела од нејзиниот невенчан сопруг, полицаецот Александар Ристовски (40) и раскажа дека тој ја влечел и ја тепал, а таа го молела да ја остави, но тој продолжи.

За ножот со кој го убила раскажа дека го зела и замавнала по него незнаејќи ни што држи во рацете, само за да се одбрани. На судиите во Основниот суд во Велес им нагласи дека се борела за живот и дека ако не се одбранела, тогаш тој ќе ја убиел неа.

„Се каам и жалам за стореното, но тоа беше борба за живот, ако не беше тој, јас ќе бев мртва. Кога почна да ме дави јас претав со нозе, со раце, немав сила да му се спротивставам. Се вративме од гости околу полноќ, тој пиеше, јас утрината бев работа и сакав да спијам. Побара од мене да сум направела есап колку пари сме потрошиле, а јас од желба за сон сум заспала. Тој во таква состојба се нафрли врз мене. Бев како фудбалска топка, ме шутираше со нозе. Па ме фати за врат, му реков немој Александар ќе ме удавиш, се уплашив. Почнав да губам свест, гледав само некоја светлина, немав воздух да дишам. И во таа борба за живот кога стивнавме до кујната фатив некој предмет, не знаев што е, само сакав да го удрам да ме ослободи. Почувствував дека наеднаш губи сила и ме ослободи. Видов дека има нож во градите”, ги раскажа кошмарните моменти обвинетата на рочиште.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ