сабота, 27 јули 2024

„Визер“ најави шести воздухоплов во базата во Скопје

Објавено на

часот

Сподели

„Како што досега сте запознаени, од неодамна почна да оперира компанијата „Луфтханза“ до Франкфурт, од 12 мај почна „Кроација ерлаин“ со до Сплит, а во јуни планираме воведување на нова авиолинија со „Норвежијан ерлаинс“ до Осло, „Визер“ авиокомпанијата, како што најавија, ќе воведе две нови линии во септември и во декември, до Љубљана и до Луксембург. Тоа се новините засега од Скопскиот аеродром. Што се однесува за аеродромот во Охрид, наскоро ги очекуваме првите летови од Манчестер и од Гетвик, потоа имаме најава за почеток на авиолинијата на „Ер Србија“ на релација Охрид – Белград и со тоа, патниците коишто досега доаѓаа со автобус во Охрид, сега можат да си го испланираат патувањето по воздушен пат. Се радуваме на сето ова“, одговори тој на прашање колку нови дестинации ќе има до крајот на годината.

На прашање за повторно воведување на релацијата Скопје – Барселона, тој нагласи дека постојано работат на тоа.

Роланд Тишнер, менаџер за операции на „Визер Унгарија“, зборуваше за операциите и работењето на „Визер“, одржливоста, бидејќи како што кажа, животната средина е сѐ повеќе во фокусот на сите операции. 

Тишнер се осврна и на персоналот, лицата кои работат во „Визер“.

„Во однос на пилотите, може да се пофалиме дека имаме една од најдобрите програми за обука за пилоти. Во однос на кабинскиот екипаж, може да напоменеме дека преку 70 проценти од сите кои се ангажирани, имаат завршено високо образование. Кабинскиот екипаж најчесто го бираме, односно го ангажираме од местата каде што се нашите бази, локално. Моментално имаме вработено во Македонија преку 250 лица“, подвлече Тишнер. 

„Базата во Скопје ја отворивме во 2012 година во октомври. Тогаш, во 2012 година, започнавме само со еден воздухоплов во базата, сега имаме пет, а наскоро ќе има и шести. Ќе го базираме и шестиот воздухоплов на „Визер“ во базата во Скопје во декември годинава. Со базирањето на шестиот воздухоплов, ќе оперираме до 35 дестинации во 15 држави. Бројот на летови на неделно ниво ќе биде зголемен на девет дестинации, додека ќе бидат воведени две нови дестинации. Ќе летаме од Скопје до Луксембург и од Скопје до Љубљана. Од 18 декември ќе почне да сообраќа линијата Скопје – Луксембург, додека Скопје – Љубљана ќе почне да сообраќа на 27 септември“, појасни Тишнер.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски  упати честитки до ТАВ и „Визер“ за проширувањето на базата во Македонија.

„Преку овие примери само ги потврдуваме успешните политики што ги преземаме како Влада, во насока на развој на авиосообраќајот, преку воведување на нови дестинации од двата аеродрома, а со тоа и континуирано зголемување на бројот на патници, рече министерот, напоменувајќи дека имаат успешна соработка со „Визер“, но и со други авиокомпании и заеднички се допринесува за развој на цивилното воздухопловство во државата.

Тој нагласи дека оваа година ќе биде уште една рекордна.

„Веќе сме на добар пат за тоа. Во првите четири месеци од годинава, имаме раст на бројот на патници, за 44 проценти во споредба со минатата година, или раст од 11 проценти во споредба со 2019 година, која беше најдобра година, со најголем број на патници“, информираше министерот, соопштувајќи дека во овој момент, може да се лета на близу 50 дестинации во Европа.

Министерот најави дека од наесен, токму преку финансиската поддршка што ја овозможува Владата, „Виз ер“ ќе воведе уште четири нови дестинации. Тој нагласи дека, како резултат на сите овие бројки, може да се заклучи дека финансиската помош е оправдана и ги дава очекуваните резултати.

„ Владата на Република Северна Македонија е силно посветена на реализација на програмската определба за развој на авиосообраќајот, заради поефикасно поврзување со земјите од Европа и пошироко“, нагласи Бочварски.

Крајна цел, е, додаде, да се искористат сите капацитети што ги нудат двата аеродрома во државата и да се овозможат квалитетни услуги за патниците.

„Финансиската поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Република Северна Македонија ја имплементираме заради квалитетен развој на цивилното воздухопловство, формирање на поконкурентни цени и обезбедување на нови дестинации за нашите граѓани, во функција на развој на економијата, образованието, културата, здравството и туризмот“, рече Бочварски.  

Тој додаде дека денешниот настан е чекор напред кон побрз, модерен и ефикасен авиосообраќај во државата.

„Ќе продолжиме да ги следиме светските трендови и во иднина Владата, ТАВ и авиокомпаниите, заеднички ќе работиме на создавање на уште поповолна клима и развој на авиосообраќајот“, нагласи министерот.

Тој се заблагодари на ТАВ Македонија, „Визер“ и другите авиокомпании кои оперираат од македонските аеродроми, што се одлучија токму за Македонија, како држава што ја поврзуваат со европските метрополи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ