четврток, 30 мај 2024

Вивакс кул деј 2024 – Паком ги претстави последните новитети од индустријата за ладење

Во скопскиот хотел Хилтон се одржа традиционалниот Вивакс кул деј (Vivax Cool Day 2024) во организација на Паком, членка на М-Сан групацијата и официјален увозник и претставник на Вивакс (Vivax) во Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Секоја година Скопје е дел од низата ексклузивни Вивакс настани на ниво на групацијата, каде што се прави ретроспектива на постигнатите резултати од изминатата година и се презентираат сите нови и возбудливи технолошки иновации кои можеме да ги очекуваме на нашиот пазар.

Оваа година Vivax Cool Day донесе посебно расположение со најавата за претстојниот јубилеј.

„Овој настан е од огромно значење за нас, како и за целата групација, особено што оваа година Vivax ќе прослави јубилејни 20 години. Овој настан е најава на активностите кои претстојат во периодот што следи, а ние како тим имаме ексклузивна можност први да се запознаеме со возбудливите енергетски-ефикасни иновации со кои континуирано го подобруваме животот на нашите бројни корисници“, велат од Паком Македонија.ж

Од компанијата додаваат дека покрај инспиративноста на сѐ она што иновациите го носат со себе, за нив е најважен фактот што во сржта на Vivax брендот грижата за околината, одржливиот развој и чистата животна средина се императив. ​

Повеќе од 300 гости на Vivax Cool Day 2024 имаа можност да ги проследат трите презентации на кои беа претставени новитетите во Vivax климатизацијата кои допрва ќе го освојат нашиот пазар, VRF системите, сегментот за постпродажба и пристапот кон корисничкото задоволство, односно сѐ она што го прави Vivax омилен бренд на над 100.000 домаќинства.

Покрај инспиративните технолошки новитети, гостите уживаа во стенд ап настапот на актерката Надица Петрова, како и во енергичниот музички настап на Агни Авшар и нејзиниот камерен џез состав. Како и секоја година, најголемите познавачи на брендот според Vivax онлајн квизот освоија посебни награди за признание и сеќавање на овој настан.

Сите активности на еден од најбараните брендови во нашата земја се достапни на социјалните мрежи.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ