сабота, 27 јули 2024

Вива фреш и официјално стана сопственик на 58 маркети на Кит-го

Објавено на

часот

Сподели

Управувањето на местото на Гогов го презема Кораб Хоџа од Приштина, а засега нема преименување на називот на компанијата. Вива фреш е косовска компанија која се занимава со малопродажба во Косово и регионот, а најголема инвестиција во Македонија му е преземањето токму на Кит-го кое траеше повеќе од една година. 

Кит-Го редовно е меѓу првите ланци маркети со најголеми приходи во Македонија и во изминатите години редовно бележи обрт од околу 60 милиони евра. Гoгов својот интерес сега го насочува кон производството на електрична енергија од обновливи извори.

Неофицијално, Вива фреш за сите маркети на Кит-го ќе искешира над 50 милиони евра. Косовската компанија веќе поседува еден хипермаркет во скопско Топанско Поле. На светскиот пазар во 2021година Вива фреш има остварено вкупни приходи во износ од 223.737.171 евра, од кои во Македонија се 6.896.598 евра. 

Китго Штип во Македонија има 58 маркети од кои 5 се лоцирани во Скопје. Со преземањето, Вива фреш на пазарот со малопродажба ќе има концентрација од 13,22 отсто, според Комисијата за заштита од конкуренција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ