сабота, 27 јули 2024
Ла Лига

Витор Роке влезе и со гол првенец донесе победа за Барселона (ВИДЕО)

Барселона со минимални 1-0 ја совлада Осасуна, зимското засилување Витор Роке со својот гол првенец донесе три бода.

Објавено на

часот

Сподели

„Каталонците“ се намачија за да стигнат до победа против Осасуна, еден гол беше доволен за трите бода да останат во Барселона.

Клучниот момент се случи во 63. минута, кога зимското засилување Витор Роке одлично се снајде на првата статива и со глава ја затресе мрежата на гостите.

На Бразилецот му беа потребни само 68 секунди откако доби шанса од клупата за да го постигне својот гол првенец.

Осасуна потоа остана и со играч помалку, но имаше две убави шанси за изненадување, кои сепак не ги реализираше. На спротивната страна, Барса исто така имаше добри прилики за поубедлива победа, но резултатот остана 1-0.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ