недела, 3 март 2024

Витомир Трајковски од Макпетрол освои сребро на Европското карате-првенство

Сребрен медал за Витомир Трајковски од „Макпетрол“ на Европското карате-првенство што од 9 до 11 февруари се одржа во Тбилиси, Грузија.

Објавено на

часот

Сподели

Претставникот на скопскиот клуб е единствениот член на македонската репрезентација што на шампионатот се закити со одличје. На меѓународниот собир настапија над 1.100 каратисти од 49 земји.

Трајковски, кој се натпреваруваше во возрасната категорија У-21, се пласира во финалето во тежинската категорија до 84 килограми. Тој освои сребрен медал по нерешениот резултат од 3-3 во финалната борба. Ерменецот Гор Нерсисјан победи со прв земен поен во натпреварот.

Витомир Трајковски претходно извојува четири победи во елиминацискиот дел од првенството. Тој ги оствари следните резултати против: Давиде Лучијани (Италија) 3-2, Мелос Гаши (Албанија) 1-0, Никита Сахвон (неутрален) 6-1. Членот на карате клубот „Макпетрол“ во полуфиналето беше подобар од Салих Халиловиќ (БиХ) со 2-1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ