сабота, 27 јули 2024

Витаминка избрана за најпосакуван работодавач меѓу македонските компании

Објавено на

часот

Сподели

Наградувањето и изборот за најпосакуван работодавач меѓу силна конкуренција значи дека Витаминка е компанија каде високо се ценат човечките и професионалните квалитети.

„Вреднувањето на вработените во Витаминка започнува со градењето на меѓучовечките односи така што функционираме како големо семејство каде секој  вработен е рамноправно ценет и вреднуван. Создадовме одлични услови за работа, можности за личен и професионален напредок, бројни поволности и бенефиции за вработените, но и грижа за здравјето и добросостојбата на вработените со спроведување здравствени прегледи, продолжено породилно отсуство и други мерки со кои се зголемува задоволството кај вработените и се стимулираат семејните вредности. Како дел од ова наше семејство секој вработен претставува најголема вредност. Затоа и понатаму ќе продолжиме да бидеме тоа што сме денес, да го зголемуваме нашето Витаминка семејство и да станеме подобри и поголеми. Оваа награда е поттик да го надминеме постигнатото“, истакна Симона Симоновска, шеф на маркетинг во Витаминка на доделувањето на наградите.

Во изборот за Најпосакуван и Најдобар работодавач беа вклучени македонските компании од прехранбената индустрија. Наградата беше доделена на свеченоста по повод одбележувањето 20 години постоење на Вработување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ