сабота, 27 јули 2024

Вистинска закана или обид да се предизвика збрка?

Предлогот на руското Министерство за одбрана за прекројување на руската поморска граница во источниот дел на Балтичко Море вчера беше избришан од официјалниот портал, откако предизвика конфузија и загриженост меѓу членките на НАТО, вклучувајќи ги Финска, Шведска, Литванија и Естонија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во официјалниот поднесок, Министерството за одбрана рече дека советското мерење на границата во 1985 година се засновало на наутички карти од средината на 20 век и затоа не соодветствува целосно на современите картографски координати, пренесе Ројтерс.

Но тој предлог вчера беше избришан од официјалниот портал каде што беше објавен, со порака: „нацртот е избришан“.

Не беше дадено никакво дополнително објаснување, а руското Министерство за одбрана не одговорило на барањата на британската агенција за коментар.

Врз основа на првичниот нацрт на регулативата, не беше веднаш јасно како точно може да се прилагоди границата и дали имало консултации со другите балтички земји.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон изјави за новинската агенција ТТ: „Русија не може еднострано да одлучува за нови граници“.

Финскиот претседател Александар Стаб рече дека Русија не контактирала со нив, додавајќи: „Финска се однесува како и секогаш: смирено и своите постапки ги заснова на факти“.

Литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис го нарече предлогот „очигледна ескалација“ против воената алијанса НАТО предводена од САД и Европската Унија. Тој рече дека е неопходен „соодветен цврст одговор“.

Естонскиот министер за надворешни работи Маргус Тсакна рече: „На прв поглед се чини како апсурдна работа“.

Во коментар за Ројтерс, тој додаде: „Не може да се исклучи можноста дека извештајот е обид да се предизвика збрка“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ