сабота, 27 јули 2024
Новинарот доби право на жалба

Високиот суд во Лондон пресуди во корист на Асанж

Новинарот доби право да се жали на барањето на Вашингтон за екстрадиција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Џулијан Асанж извојува победа во битката против екстрадицијата од Велика Британија, откако судиите во високиот суд во Лондон му одобрија да поднесе жалба.

Двајца високи британски судии што го надгледуваа случајот на Асанж заклучија дека доставените дипломатски гаранции од Вашингтон не се доволни и дозволија да продолжи жалбата против екстрадицијата.

Асанж реши да не се појави лично на сослушувањето поради здравствени проблеми, изјави неговиот адвокат пред Високиот суд.

Претходно се шпекулираше дека новинарот денеска ќе се појави на суд. Наместо тоа, тој е застапуван од неговиот адвокат. На рочиштето присуствуваат и неговата сопруга Стела, како и неговиот татко и брат.

Адвокатот на Асанж, Едвард Фицџералд, му повтори на Високиот суд дека неговиот клиент не треба да биде екстрадиран во САД. Тој ги повика судиите да не ги прифаќаат гаранциите на Вашингтон, нарекувајќи ги „еклатантно несоодветни“.

Пред сослушувањето десетици демонстранти се собраа пред зградата на Високиот суд во Лондон. Демонстрантите бараат ослободување на австралискиот новинар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ