четврток, 26 декември 2024

Високи оценки за македонското чекорење кон ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

Попоски, како што информира МНР, зборувајќи за подготвеноста на Република Македонија за почеток на преговорите за пристапување со ЕУ, побара поддршка за што поскоро донесување на одлуката од страна на Советот, а согласно со веќе дадените препораки на Европската комисија.

„Очекуваме да надвладее европскиот интерес за почнување на пристапните преговори со Македонија, со што ќе се зајакне кредибилитетот на процесот на проширување на Унијата со земјите од Балканот“, изјави министерот Попоски.

Тој ја истакна и целосната посветеност на македонската страна на разговорите за надминување на разликата за името со Грција што се водат во рамките на Обединетите нации.

Извршниот генерален секретар на Европската служба за надворешна акција на ЕУ, Пјер Вимонт, оцени дека процесот на проширување е од исклучителна важност за Унијата и во кризни периоди како што е тековниот. Високо се цени досието на постигнати резултати на Македонија во исполнувањето на критериумите за членство во ЕУ и се охрабруваат понатамошни постигнувања во овој правец, соопшти МНР.

Министерот Попоски и вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи денеска во Брисел ќе учествуваат на осмиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската Унија.

Делегацијата на ЕУ ќе ја предводи данскиот министер за надворешни работи Вили Совндал во својство на копретседавач на Советот, а ќе учествуваат и комесарот за проширување Штефан Филе, како и извршниот директор на Европската служба за надворешна акција Мирослав Лајчак.

На состанокот на Советот ќе се разговара за односите меѓу Република Македонија и ЕУ во рамките на Процесот за стабилизација и асоцијација, исполнувањето на политичките и економски критериуми, усогласување со правото на ЕУ, финансиската соработка и спроведувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Ќе бидат разменети мислења и за состојбата во Западен Балкан, како и други меѓународни прашања што се од интерес и на двете страни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ