среда, 23 октомври 2024

Висок функционер на Хамас убиен во израелски воздушен напад на Либан

Безбедносен функционер на Хамас о еден од палестинските бегалски кампови во Либан е убиен во израелски воздушен напад кај градот Сидон, кажал за Франс прес либански безбедносен извор.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Израелскиот напад уби висок безбедносен функционер на Хамас во кампот Аин ел Хелоу додека бил во своето возило кај градот Сидон“, кажал изворот, кој побарал да остане анонимен.

Дописникот на Франс прес видел спасувачи како го отстрануваат јагленисаното тело од возилото и војници како го изолираат подрачјето на нападот јужно од Сидон, во близина на Аин ел Хелоу, најголемиот од 12 официјални палестински бегалски кампови.

Во изминатите десет месеци, Израел повеќе пати гаѓа функционери на палестинското исламистичко движење Хамас на територијата на Либан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ