сабота, 27 јули 2024

Висландер: Треба да бидеме среќни што освоивме и бод!

Објавено на

часот

Сподели

Висландер, кој е стручен коментатор за спортско радио, во својата анализа за мечот со Македонија изјавил дека по катастрофалниот почеток, Шведска треба да биде среќна што воопшто се вратила во игра.

„Треба да бидеме среќни што се вративме. И во првиот, но и во вториот дел. На крајот навистина возбудлива завршница ни приредија двете селекции“, рекол Висландер, кој го посочил голманот Јохан Сјостранд како МВП на мечот.

Сјостранд со 14 одбрани беше најзаслужен за бодот на Швеѓаните, откако успеа да го симне на 35 отсто реализација нашиот најдобар ракометар Кире Лазаров, бранејќи му чисти зицери и два седмерци.

Висландер е најтрофејниот ракометар на Шведска и рекордер по бројот на мечевите (384) и по број на головите (1.185). Има четири злата од ЕП, две од СП (1990, 1999), две сребра и две бронзи од Мундијалите. Во Шведска е прогласен на ракометар на векот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ