сабота, 27 јули 2024

Виртуелниот Курти и реалниот Рама: зошто премиерот на Косово не е на самитот во Тирана?

Денес во Тирана се одржа регионалниот самит за Планот за раст на Западен Балкан, на кој не присуствува премиерот на Косово.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Првично албанските медиуми јавија дека Курти одбива да учествува на самитот поради спорот и „длабокото непријателство“ со премиерот на Албанија Еди Рама кој не го поканил на самитот Украина-југоисточна Европа, кој вчера се одржа во албанската престолнина. Подоцна беше јавено дека се појавил, но „виртуелно“.

„Односите на двајцата албански политичари, Рама и Курти, од почетокот се прилично напнати“, пишува Албаниан пост и потсетува дека ова не е првпат Курти да одбие покана на албанскиот премиер.

Наместо Курти, во име на Приштина покрај претседателот на Украина Володимир Зеленски вчера стоеше Вјоса Османи, која соопшти дека нема да учествува на денешниот самит за Западен Балкан.

На денешниот самит Западен Балкан-ЕУ, на кој се расправаше за планот на Брисел за економски раст, учествуваа претседатели и премиери, а Косово го претставуваше претседателот на Стопанската комора Љуљзим Рафуна.

На самитот присуствуваше и комесарот на ЕУ за проширување Оливер Вархеји.

Курти соопшти дека на самитот не присуствува поради обврски во Британија, во јули минатата година одби да се сретне со Рама кој ја посети Приштина, а „поради други обврски“ не присуствуваше ни на неформалната средба на лидерите на Западен Балкан во Тирана на 17 јули минатата година.

Рама, пак, во јули откажа средба со Курти во Ѓаковица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ