Мобилниот оператор ВИП веќе е втор оператор во Македонија според бројот на претплатниците, покажуваат најновите податоци на Агенцијата за електронски комуникации, АЕК.
Податоците на АЕК за третиот квартал покажуваат дека бројот на активните претплатници на ВИП изнесува 24,30 отсто, наспроти досегашниот втор оператор ОНЕ, застапен со 22,38 отсто. Т-Мобиле и понатаму останува лидер со 53,32.