понеделник, 16 септември 2024
Фестивал „Тиквешки гроздобер“

Винските крал и кралица го откинаа првиот грозд, а низ Кавадарци дефилираа 500 карневалџии

Кавадарци има вински крал и кралица, има и вински карневал со учество на над 500 учесници од земјава и странство кои денеска дефилираа низ градот во рамките на традиционалната манифестација „Тиквешки гроздобер“. Вечерва во Кавадарци се одржува и голема забава со музички настапи и други соддржини.

Објавено на

часот

Сподели

Секоја карневалска група со своја приказна, секоја убава на свој начин. Традиционалниот карневал и оваа година има над 500 учесници во 31 карневалска поставка, велат организаторите.

Карневалџиите продефилираа низ улиците на Кавадарци, а кралот и кралицата заедно со градоначалникот Митко Јанчев и претседателот на Совет на општина Кавадарци Стојанчо Рамов и дел од гостите, симбилично го откинаа првиот грозд.

За многу години, рекоа тие и организаторите на настанот.

 

Традиционалната стопанско туристичка и културна манифестација има долга традиција, годинава се одржува овие три дена, на агендата се бројни настани и се очекуваат гости од земјава и странство.

Пред официјалното отворање на карневалот градоначалникот Митко Јанчев во Винскиот музеј Кавадарци организираше прием на гости и делегации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ