сабота, 27 јули 2024

Винска школа во Скопје

Во организација на Регионалната иницијатива за рурална соработка (The Regional Rural Development Standing Working Group in South Eastern Europe – SWG), од денеска до сабота во Скопје ќе се одржува „Винска школа“.

Објавено на

часот

Сподели

Во рамки на „Винската школа“ учесниците ќе добијат знаења од областа на лозарството, базирани на најновите техники и иновации. Предавањата ќе бидат организирани во два модула „Меѓународен вински маркетинг и промоција на локалниот вински туризам“ и „Климатски промени во лозарството и енологијата“.

Предавачи, како што најавуваат организаторите, ќе бидат искусни експерти од областа на руралните политики, иновативните земјоделски практики и лозарството од земјава и од странство.

SWG е меѓувладина организација, основана 2005 година на Земјоделскиот политички форум, како платформа за политички дијалог и соработка во областите – рурална политика и развој и земјоделие. Во иницијативата се вклучени државните институции надлежни за овие области на Македонија, Молдавија, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Црна Гора и Република Српска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ