сабота, 27 јули 2024

Виновата лоза може да се реже, ниските температури не предизвикаа штети во земјоделството

Студеното време минатата недела, со температури под нулата, не предизвика никакви штети кај земјоделските култури. Според агроеметеоролозите, температурите беа вообичаени за овој период од годината, но и во границите на издржливост на културите кои се во фаза на презимување.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

Агроеметеоролозите сметаат дека може да се почне со резидба на виновата лоза.

„Секоја сорта винова лоза има специфични услови на одгледување и доколку почвените услови тоа го дозволуваат, земјоделците можат да почнат со резидба. Режењето е многу значајна агротехничка мерка и претставува најважниот чекор во одгледувањето на лозјето. Таа е обемна операција и потребно е време да се заврши навреме“, велат агроеметеоролозите од УХМР.

УХМР најави дека продолжува периодот на стабилно и суво време со пораст на температурите кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ