Од поодамна беше јасно дека Винисиус ќе потпише нов договор со Реал Мадрид, се чекаше само официјалната објава на клубот.
Денеска тоа е потврдено, кралскиот клуб објави дека ја продолжува соработката со фудбалерот.
„Реал Мадрид и Винисиус се договорија за продолжување на договорот на фудбалерот до 30 јуни 2027 година“, стои во соопштението на клубот.