сабота, 22 март 2025

Винисиус со гол во 99. минута му донесе победа на Бразил над Колумбија (ВИДЕО)

Бразил извојува важна победа во квалификациите за Светското првенство откако со 2-1 ја совлада Колумбија и тоа со гол во 99. минута.

Објавено на

часот

Сподели

Бразилците кои беа домаќини на овој меч поведоа уште во 6. минута кога Рафиња даде гол од пенал за водство од 1-0.

На четири минути до крајот на првото полувреме Луис Диаз го изедначи резултатот на 1-1.

Се чинеше дека тоа ќе биде и конечниот резултат, но Винисиус со шут од далечина погоди во 99. минута и донесе победа за Бразил од 2-1.

Парагвај со 1-0 славеше над Чиле, а Перу со 3-1 ја победи Боливија.

Ноќеска се играат мечевите Еквадор – Венецуела и Уругвај – Аргентина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ