петок, 18 октомври 2024

Винисиус повторно беше жртва на расизам, Севиља веднаш реагираше

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор излезе со соопштение по мечот со Севиља откако повторно беше жртва на расистички напади од трибините.
 

Објавено на

часот

Сподели

Винисиус веќе неколкупати оваа сезона, но и во претходната е мета на расизам. На интернет кружи сликата од навивач на Севиља како со мајмунски гестикулации го навредува фудбалерот на кралскиот клуб.

Севиља информираше дека уште во текот на мечот го детектирале навивачот кој го навредил расистички Винисиус, го отстраниле од стадионот и го пријавиле во полиција. Дополнително ќе му го одземат членството во клубот.

Винисиус се заблагодари на клубот од Андалузија за брзата реакција и од шпанските власти побара да го променат законот за расистички навреди.

„Честитки за Севиља за брзото позиционирање и казната која ја изрече во уште една тажна епизода за шпанскиот фудбал“.

„За ќал имам пристап до видео на уште еден расист од овој саботен меч, овојпат тоа беше од дете. Толку е тажно што нема кој да ја едуцира неа. Јас инвестирам многу во едукација во Бразил за ги научам луѓето на различностите“.

„Ликот на денешниот расист е втиснат на веб страниците како и неколку други претходно. Се надевам дека шпанските власти ќе си го одработат својот дел и ќе го променат законот конечно. Овие луѓе треба кривично да одговараат“.

„Тоа би бил одличен прв чекор за подготовка на Светското првенство 2030. Тука сум да помогнам“.

„Извинете што се повторувам, но ова е епизода 10. И продолжува…“, стои во соопштението на фудбалерот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ