сабота, 27 јули 2024

Винисиус е играч на сезоната во Лигата на шампионите, Белингем е најдобриот млад фудбалер

Признание за играчот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор е најдобриот фудбалер во Лигата на шампионите за изминатата сезона, неговиот соиграч Џуд Белингем е најдобриот млад играч.

Објавено на

часот

Сподели

Винисиус оваа сезона во елитното натпреварување одигра многу натпревари на највисоко ниво, а постигна гол и во финалето против Борусија Дортмунд кое Реал Мадрид го доби со 2-0.

Тој од страна на УЕФА е прогласен за најдобар фудбалер во Лигата на шампионите оваа сезона.

„Многу сум среќен што успеав да освојувам уште една Лига на шампиони со овој клуб, кој ми даде премногу. Ова е неверојатна работа. Не секој може да го искуси ова и да го освои повеќепати“, рече Винисиус по финалето.

Наградата за најдобар млад играч ја доби Џуд Белингем.

„Отсекогаш сум сонувал да играм на овие натпревари. Немам зборови. Ова е најдобрата ноќ во мојот живот. Не можев ни да сонувам дека сето ова ќе ми се случува во мојата прва сезона со Реал Мадрид“, вели Белингем.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ