сабота, 27 јули 2024
Летаа искри

Винисиус брутално ја „пецна“ клупата на Барселона и ги потсети дека губат 4-1 (ВИДЕО)

Винисиус Жуниор влезе во вербална конфротација со клупата на Барселона, напаѓачот на Реал Мадрид реши да одговори со брутална провокација и со рака гестикулираше дека губат 4-1.

Објавено на

часот

Сподели

Реал Мадрид синоќа ја совлада Барселона во „Ел Класико“ пресметката во финалето на Суперкупот на Шпанија.

Винисиус Жуниор беше играч на натпреварот откако постигна два гола по десет минути игра, а до крајот на првиот дел забележа и хет-трик.

За мизеријата на Барселона да биде поголема, Роналд Араухо беше исклучен поради два жолти картони, па ова донесе нови искри на теренот.

Винисиус Жуниор влезе во вербална конфротација со клупата на „каталонците“ и реши да огвоори со брутална провокација, со раката правеше гестови и ги потсети дека губат со 4-1.

Родриго се обидуваше да го смири својот сонародник, додека пак на Фермин Лопез не му се допадна ваквото однесување и го турна Винисиус Жуниор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ