„Макпрогрес верува во потенцијалот на младите и нивната улога во
одржување на локалниот економски развој и токму затоа ја субвенционира оваа
програма за слаткар, пекар и кондитор. Овој проект е дел од нашата долгорочна
визија за задржување на талентираните поединци во нашата средина и создавање
услови за нивно професионално усовршување. Со инвестиции во образованието и
развојот на младите, ние се стремиме да обезбедиме квалитетен кадар кој ќе
придонесе за идниот успех на нашата заедница“, велат од компанијата.
Винчини академија нуди и професионален развој преку практична работа и едукација, која ќе се одвива во Развојниот центар Винчини, опремен со најсовремена технологија за развој на нови прехранбени производи. Сите заинтересирани кои се веќе дел или сакаат да навлезат во светот на пекарско-слаткарската индустрија се добредојдени да
аплицираат и да станат дел од Винчини академијата.
Програмата е поддржана од страна на Европската Банка за обнова и развој
и Владата на Јапонија.