сабота, 19 октомври 2024

Винарските визби ја прифатија новата откупна цена на „вранецот“ и „смедеревката“

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски изјави дека винарските визби ја прифатиле новата откупна цена на грозјето „вранец“ и „смедеревка“.

Објавено на

часот

Сподели

На вчерашниот состанок со винарските возби, свикан на иницијатива на министерот, согласно Методологијата и она што значи Јавен повик за избор на научна институција за утврдување на цената, се усогласија цените за откуп.

Производната цена ќе изнесува 20,8 денари за „вранец“ за 19 шеќерни единици и 18,3 денари за килограм грозје „смедеревка“ за 17 шеќерни единици. Секоја шеќерна единица плус ќе биде дополнително вреднувана односно исплатена.

Кај „смедеревката“ зголемувањето на цената е за 22%, а за „вранецот“ има зголемување од 15,5%. „Овие цени со вакво зголемување мислам дека ќе бидат една доволна граница овој откуп да тече во нормален тек и земјоделците да имаат одредена заработка во делот на производството“, изјави Трипуновски.

Тој најави дека откупот ќе се следи и од негова страна и од страна на Земјоделскиот инспекторат. Секој инспектор ќе биде задолжен со широмер, за кој што ќе има соодветна обука од надлежните институции. Оваа контрола ќе биде елиминатор на сите манипулации кои ги имало во изминативе години.

„По завршувањето на откупната сезона од 2024 реколта, ќе разговараме за измени во Законот за вино каде што има одредени аномалии кои што ги воочивме во изминатиов период. А, тоа е се со цел да изградиме една стратегија за да Македонија биде винска држава“, нагласи Трипуновски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ