Винаријата Камник следната година одбележува 20 години од постоењето. Со годишно производство од над 250 000 литри низ модерен вински стил, ја материјализира автентичноста, уникатноста и традиција на македонскиот тероар. Применувајќи иновативни техники во енологијата во комбинација со внимателно следење на процесот на зреење во буриња од француски и американски даб, винарија Камник создава вина кои содржат единствени зачински ноти и елегантни, софистицирани вкусови. Во изминатите 5 години винаријата направи значителни инвестиции со цел модернизирање на технологијата на производство на вино и зголемување на капацитетот, така што додаде 30 нови хектари лозови насади кои што се наоѓаат на повисока надморска висина споредено со Скопското виногорје. Винаријата Камник изминатите години успеа да воспостави извозни релации со регионот, Европа, САД, Кореа, Бразил.
Саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ се одржува под покровителство на владите на Србија, Македонија и Албанија како дел од иницијативите на Отворен Балкан, и собра околу 600 изложувачи од 24 земји од светот. Половина од изложувачите беа од земјите на Западен Балкан, од кои 260 од Србија, 74 од Македонија и 21 од Албанија.