петок, 27 декември 2024

Винарија Камник со највисок просечен рејтинг на апликацијата Вивино за Југоисточна Европа

Објавено на

часот

Сподели

Мерењата на вкусот, квалитетот и преференциите на вината од винарија Камник се направени преку Вивино (Vivino) најголем онлајн вински маркет и мобилна апликација. Вивино е широко распространета апликација што се користи од голема и разновидна публика љубители на вино, од почетници па се до познавачи и вински експерти. Прелистувањето на листираните вина е преку скенирање на етикетата и досега има вкупно 260 милиони скенирања и бодирања.

Кредибилитетот и автентичноста на Вивино потекнува од базата што ја содржи и понудата што ја создаваат самите корисници. Со пребарувачот може да се разгледа огромната постоечка база на вина со целосно инфо за потеклото и винаријата или да се создаде сопствена колекција употребувајќи го скенерот за брендови со што апликацијата ќе ги даде сите информации за виното: рејтинг, карактеристики на вкус, цена. Базата на податоци на Вивино нуди избор од 12.162.845 врсти вино од 227.174 винарии во 3.199 региони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ