среда, 5 март 2025

Викторија Трајков: Со помошта од Унгарија се отворaат нови можности за развој на нашата држава

Заменик министерката за европски прашања и заменик главен преговарач со ЕУ, Викторија Трајков, денеска во рамките на работната посета на Унгарија каде учествуваше на унгарско – македонскиот владин самит во Будимпешта, се сретна со унгарскиот министер за европски прашања, Јанош Бока.

Објавено на

часот

Сподели

Фокус на средбата беше ставен на интензивирање на заемната соработка меѓу двете земји и размена на експертиза на полето на евроинтеграциите. На состанокот заменик-министерката за европски прашања и заменик главен преговарач со ЕУ, Трајков ја потенцираше контиуираната поддршка која нашата држава ја добива од Унгарија на патот кон ЕУ.

При тоа, заменик-министерката за европски прашања, Трајков се заблагодари на унгарскиот министер за европски прашања, Бока за помошта од Унгарија со којашто се отворат нови можности за развој на нашата држава.

Заеднички беше потенцирана подготвеноста за продлабочување на соработката меѓу двете земји во повеќе сектори, со што ќе се забрзаат реформските процеси на нашата држава, а со тоа и ќе се олесни пристапниот процес.

На состанокот беше заклучено дека Унгарија и понатаму ќе продолжи да ја поддржува нашата земја во реализација на процесите за што поскоро приклучување кон ЕУ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ