понеделник, 21 октомври 2024

Викторија Трајков на Светскиот економски форум: ЕУ и економскиот се нашите приоритети

Економскиот развој и процесот на пристапување кон ЕУ е меѓу клучните приоритети на новата Влада. Ние сме целосно посветени да ги спроведеме сите неопходни реформи на ЕУ и да го трансформираме нашето општество во согласност со правилата и стандардите на ЕУ, реќе Викторија Трајков, заменик министерката за европски прашања на Светскиот економски форум кој ќе се одржи во Карпач, Полска. Таа зборуваше на тема „Интеграција на државите од Западен Балкан – значење и форми на соработка“. 

Објавено на

часот

Сподели

„Во овој контекст, со цел унапредување на процесот, ние сме подготвени на блиска соработка со новата Комисија, како и со Унгарија како актуелен претседавач со ЕУ и со Полска која треба да го преземе претседавањето со ЕУ во следната година“, додаде Трајков. 

„Регионалната соработка е клучен фактор за успех и затоа како Влада најважен ни е меѓусоседскиот дијалог помеѓу сите наши земји. Ќе направиме се, да бидеме добри соседи, но очекуваме на тој пат и нашите соседи да ни возвратат со ист пристап- реципроцитет и разбирање. Регионалната соработка е суштински дел од процесот за стабилизација и асоцијација, започнат во 2000 година, а останува клучна и за понатамошно унапредување на пристапниот процес. Второто име на процесот на интеграција е соработка која претставува една страна на истата паричка -регионалната соработка и проширувањето”, рече Трајков. 

Форумот е организиран од Фондацијата Институт за источни студии во партнерство со Институт Охрид од Македонија и претставува најголемата конференција во Централна и Источна Европа. Овој форум, повеќе од 30 години привлекува политички, економски и социјални лидери од целиот свет. 

Овогодинешното 33. издание на Економскиот форум се одржува од 3 до 5 септември во Карпач под темата: „Време на нови лидери Заедничко обликување на иднината“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ