понеделник, 14 октомври 2024

Викторија Трајков на Форум за млади од Западен Балкан во Берлин

Заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков во Берлин учествуваше на шестиот Форум за млади од Западен Балкан во рамките на Самитот 2024 кој е дел од Берлинскиот процес. Трајков пред присутните зборуваше за приоритетите и политиките за млади кои се дел од програмата на македонската Влада и отворените можности за младите посебно во делот на едукација на формално и неформално образование при членството во Европската Унија за нашата земја.

Објавено на

часот

Сподели

На покана на RYCO, најголемата организација за младински политики, Трајков зборуваше на панелот посветен на европските проекти наменети за младите од Западен Балкан, за искористеноста на програмите за размена како и важноста од пристапните фондови во делот на младинските политики.

„Последните бројки велат дека 32.000 студенти биле дел само од Еразмус+ програмата на ЕУ, што за нас е од особено значење бидејќи стекнале знаење и искуство надвор, а го споделиле меѓу своите во својата земја”, рече Трајков.

На панелот учествуваа и Ниелс Фон Редекер, рaководител на единицата за Западен Балкан на GFFO, Тобијас Бутов, генерален секретар на OFAJ и Клои Каучи, претседателка на Бордот на Европдкиот Форум за млади.

Плановите и програмата на новата македонска Влада се целосно посветени на задржување на младите во државата. За тоа да се оствари, потребни ни се реформи и интеграција во Европската Унија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ