сабота, 19 октомври 2024

Виктор Осимен си обезбедил две клаузули пред да се пресели во Галатасарај

Новинарот Фабрицио Романо открива дека Виктор Осимен си обезбедил две клаузули пред да се пресели во Галатасарај, со првата, откупната цена му се намалува од 130 на 75 милиони евра, а со втората може да замине од Истанбул веќе во јануари.

Објавено на

часот

Сподели

По драматичните случувања од минатата недела кога се изјаловија зделките со Ал Ахли и Челси, Виктор Осимен сепак ќе направи трансфер.

Тој веќе е во Истанбул откако Наполи и Галатасарај синоќа си подадоа рака за позајмица за која шампионот на Турција нема да плати ништо, но во целост ќе ја покрива платата на Нигериецот.

Како што пренесува новинарот Фабрицио Романо, напаѓачот си обезбедил и две клаузули пред да се пресели во Галатасарај.

Со првата, тој ќе може во 2025 да го напушти Наполи за 75 милиони евра, наместо досегашните 130 милиони евра. Клубот од југот на Италија очигледно се помири со реалноста откако никој не сакаше да потроши богатство на голгетерот изминатово лето.

Со втората, Виктор Осимен ќе може да ја напушти Галатасарај веќе во јануари доколку добие понуда од топ клуб.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ