четврток, 12 декември 2024

Виктор Исјановски избран за претседател на Комората за вештаци

Комората за вештаци денеска одржала основачко собрание, на кое за претседател едногласно бил избран Виктор Исјановски, соопшти Министерството за правда.

Објавено на

часот

Сподели

Со ова, како што посочуваат од Министерството за правда, Комората по осум години повторно стана функционална со што би се решиле проблемите со кои се соочуваат вештаците и унапредување на нивната работа.

„Министерството за правда ги основаше првите професионални одделенија на Комората за вештаци во февруари. Со донесување на новиот Закон за вештачење обврска на Министерството за правда е да ги избере раководителите и замениците раководители на професионалните одделенија и по еден член од секое одделение како претставник во Основачкото Собрание на Комората“, се наведува во соопштението.

Од Министерството за правда посочуваат дека членот 32 од Законот за вештачење предвидува новина со воведување на професионални одделенија во Комората, а преку кои членовите на Комората ги остваруваат своите интереси во Комората и преку избрани преставници во Собранието на Комората. Професионалните одделенија имаат раководител и негов заменик со мандат од четири години без право на последователен избор. Раководителите и избрани претставници од професионалните одделенија се членови на Собранието.

„Оваа одредба беше предложена со цел да се овозможи формирање на функционално Собрание имајќи ја во предвид претходната состојба каде ниеден орган на Комората не функционираше, а особено Собранието кое броеше повеќе од илјада членови“, се вели во соопштението.

Со формирањето на Комората, како што велат од Министерството за правда, се очекува да се подобри квалитетот на вештачењето, заштитата и унапредувањето на стручноста, следење на односот на вештаците кон општеството и граѓаните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ