сабота, 27 јули 2024

Викендов ограничено движење со моторни возила за Галичка свадба

Објавено на

часот

Сподели

Од полицијата информираат дека во периодот од 17 часот на 15 јули (сабота) до 17 часот на 16 јули (недела) заради одвивање на церемонијата и активностите опфатени со манифестацијата „Галичка свадба 2023“ ќе воведе посебен сообраќаен режим од и кон мијачкото село Галичник.

„Во овој период во селото ќе може да влегуваат само возила со посебни пропусници, додека сите други гости и посетители нивните возила ќе треба да ги паркираат на стадионот во Галичник или на ливадите од двете страни пред стадионот“, наведуваат од СВР Тетово.

Посетителите кои ќе доаѓаат со минибуси и комбиња ќе треба да се паркираат на споредниот пат за соседното село Лазарополе.

Од СВР Тетово апелираат посетителите кои планираат да дојдат на „Галичка свадба“ со возила или минибуси и комбиња да се придржуваат на наредбите и насоките од полициските службеници и да не ги оставаат возилата надвор од предвидените места за таа намена.

„Со целосно почитување на сите сообраќајни правила и прописи и јавниот ред и мир ќе придонесат за успешно одржување на оваа традиционална и надалеку позната манифестација“, пишува во информацијата на СВР Тетово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ