Полициските службеници во 115 случаи издале прекршочни платни налози заради некористење сигурносен појас, 56 санкции за користење на мобилен телефон при возење, како и 35 мерки за возачи на мотоцикли поради некористење заштитна кацига, 14 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).
Покрај ова, а согласно Законот за возила од сообраќај биле исклучени 58 нерегистрирани возила и 12 технички неисправни возила.
Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените мерки и активности во поглед на сообраќајната безбедност, а континуирано се реализираат и превентивни активности низ сите сектори за внатрешни работи во насока на укажувања и апелирања до сите учесници во сообраќајот за целосно почитување на сообраќајните правила и прописи.