сабота, 4 јануари 2025
Црна Гора

Вијести: Најмалку пет лица загинаа во престрелка во Цетиње, полицијата трага по осомничениот

Најмалку пет лица загинаа во злосторството, што се случи денеска во Цетиње. Ова се први полициски податоци од местото на трагедијата, а се стравува дека бројот на жртви од масовното убиство ќе биде уште поголем, пишуваат Вијести.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата трага по осомничениот А.М од Цетиње, според истиот извор.

Според информациите на Вијести од Управата на полицијата, попладнето во градот Бајице во угостителски објект се случило повеќекратно убиство кога А.М. со употреба на огнено оружје одзеде неколку животи.

На Вијести им беше соопштено дека првично во кафеаната настанала тепачка, по што мажот по кој се трага извадил оружје и пукал.

Полициската управа упати апел до Цетиње да остане присебно и да остане во своите станбени објекти, додека сите расположливи полициски единици се на терен и преземаат активности од своја надлежност со цел да ја стават ситуацијата под контрола и кривично да го гонат сторителот.

„Ја информираме јавноста дека се работи за ситуациски настан, кој не е резултат на пресметка на високоризични организирани криминални групи. За разрешување на оваа кризна состојба на терен се испратени специјални полициски единици“, се вели во полициското соопштение.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ