сабота, 27 јули 2024

Виетнамска милијардерка, осудена на смрт, незаконски префрлала пари во странство

Виетнамската милијардерка Труонг Ми Лан, којa беше осудена на смрт во април во најголемиот случај за финансиска измама во Виетнам, незаконски префрлала пари во странство, соопшти полицијата. Полицијата доцна во средата соопшти дека истрагата за трансферите и перењето пари е завршена, објави Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Државните медиуми објавија дека Труонг Ми Лан извршила нелегални трансфери на пари во странство во вкупна вредност од 4,5 милијарди долари. Медиумите не прецизираа со кои земји е извршен трансферот на пари.

Таа беше обвинета и за перење пари, вклучително и пари што таа и нејзините соучесници ги извадиле од Сајгонската комерцијална банка.

Таа беше осудена на смрт во април на судот во Хо Ши Мин во јужен Виетнам за банкарска измама од повеќе милијарди долари во најспектакуларното судење во историјата на Виетнам, објави локалниот портал Тан Ниен.

Труонг Ми Лан (67), која има кинеско потекло, беше осудена за грабеж на една од најголемите виетнамски банки, Сајгонската комерцијална банка, во износ од 44 милијарди долари во период од 11 години, а таа ги отфрли обвиненијата.

Обвинителите велат дека 27 милијарди долари можеби никогаш нема да бидат вратени. Обвинителите повикаа 2.700 лица да дадат исказ за време на судењето, во кое учествуваа 10 државни обвинители и околу 200 адвокати. Доказните материјали биле содржани во 104 кутии со вкупна тежина од шест тони. Покрај Труонг Ми Лан, на 85 други лица им се суди, а 13 други се соочуваат со можна смртна казна.

Таа исто така беше осудена за поткуп за да се осигура дека нејзините заеми никогаш нема да бидат проверени, а еден од обвинетите е и поранешна главна инспекторка во централната банка, која се соочува со можна доживотна затворска казна за примање поткуп од пет милиони долари.

Труонг Ми Лан, која беше претседателка на компанијата за недвижнини ВТП, беше уапсена во октомври 2022 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ