На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони, информира ЈП Македонијапат и апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.
Според вечерниот извештај на Автомотосојузот на Македонија, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
„На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, соопшти АМСМ.