сабота, 27 јули 2024

Видеолотарија касинос Австрија со поддршка за Христијан Бузалковски

Видеолотарија касинос Австрија и годинава обезеди спонзорска поддршка за македонскиот мотоциклистички шампион Христијан Бузалковски за учество на меѓународните шампионати.  Бузалковски е трикатен БМУ шампион.

Објавено на

часот

Сподели

Под мотото Играј со најдобрите Видеолотарија продолжува со поддршката на македонскиот шампион Христијан Бузалковски, кој е член на здружението Мото клуб МК 71 тим Скопје.

„Од април до септември не очекува густ распоред и многу патувања низ Европа. Ќе настапиме повторно на „FIM Европскиот 1000СТК, Alpe Adria интернационалниот шампионат, БМУ Европскиот шампионат, и на Македонскиот шампионат со вкупно 20 натпревари и тоа на патеките во Хрватска, Чешка, Словачка, Грција, Бугарија и Унгарија“, изјави Бузалковски.

Пред неколку дена во Верона, Италија, се одржа „Прајс гивинг серемони“, каде беа доделени наградите за престижниот европски шампионат во брзински мотоциклизам. Македонија за прв пат имаше свој претставник. Христијан Бузалковски заедно со неговиот тим, испишаа историја за македонскиот мотоспорт и на овој шампионат го освои бронзениот медал. Христијан ја претставува Македонија во најдобро светло во овој спорт, па и затоа гордо го носи епитетот „трикатен БМУ шампион“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ