сабота, 27 јули 2024

Видео од пукањето во Ист гејт мол

На видеото кое го објави порталот Курир се гледа како две лица излегуваат од терета и се упатуваат кон најблискиот излез и скали. Од зад грб приоѓа лицето кое на себе има и слушалки и црна капа, по што пука кон нив и бега.

Објавено на

часот

Сподели

Едно лице е во критична состојба, а друго е пренесено на Клиниката за торакална хирургија. Информацијата за МИА ја потврди директорот на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје, Љубен Арсенков.

„Двајца пациенти се примени во болницата, станува збор за две машки лица. Едниот пациент е задржан кај нас, веднаш е однесен во операциска сала поради сериозноста на повредите. Во моментов се изведува оперативен зафат кај овој пациент. Во тешка состојба е и врз него се врши оперативен зафат поради повреди во стомакот и во градната шуплина. Другиот е препратен на Клиниката за торакална хирургија. И кај едниот и кај другиот пациент се работи за прострелни рани“, појасни Арсенков.

Екипи на МВР се на терен и работат на расчистување на случајот.

Дел од медиумите, неофицијално објавуваат дека е пукано кон Раде Трајковски Штекли и уште едно лице. Кон него, на истото место беше пукано и на 25 август годинава, но не беше погоден.

Тогаш маскираните лица кои пукаа од возило ауди со странски регистарски таблички избегаа од местото, а возилото беше пронајдено запалено кај езерото Треска кон Грчец.

Раде Трајковски-Штекли, се поврзуваше и со истрагата за убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. По првичните сомнежи, во истрагата за убиството не беа најдени докази за Трајковски и тој не беше обвинет.

Штекли беше уапсен во Грција во 2011-та како осомничен во Италија за местење на фудбалски натпревари. Трајковски тогаш беше екстрадиран во Италија каде имаше и судење за големиот случај со наместени натпревари во италијанскиот фудбал.

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ