сабота, 27 јули 2024

ВИ ја зголеми вредноста на акциите на Нвидиа

Бизнисот на американскиот производител на чипови и софтвер, Нвидиа е петкратно поголем благодарение на нагорниот тренд на вештачката интелигенција.

Објавено на

часот

Сподели

„Следната индустриска револуција почна! Многу компании и земји соработуваат со Нвидиа за да ги префрлат традиционалните центри за податоци од трилиони долари на забрзано пресметување и да изградат нов тип на центри за податоци – погон со ВИ, за да направат нов производ – ВИ“, рече главниот извршен директор на Нвидиа, Јенсен Хуанг.

Минатото тримесечје, прометот бил 262 отсто повисок од претходната година – на 26 милијарди долари. Цената на акциите, пак, во одредени мигови порасна за 5 отсто во американското тргување по работното време во средата. Н-видиа најави и зголемување на дивидендата.

Со обрт од 22,6 милијарди долари, технолошкиот бизнис на бази за податоци беше дури пет пати поголем отколку во истото тримесечје од претходната година. Така, кварталната заработка на Нвидиа скокна од нешто повеќе од 2 милијарди долари на речиси 14,9 милијарди долари во рок од една година.

Развиени првично за графички картички, технологиите на Нвидиа одамна ја докажаа својата вредност во компјутерската работа вклучена и во апликации со ВИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ