среда, 15 јануари 2025

Вевчанскиот карневал ги вознемири во Алијанса за Албанците со сцени од 27 април 2017

Од Алијансата за Албанците денеска на прес-конференција побараа надлежните институции да ги казнат лицата кои на Вевчанскиот карневал ја симулираа сцените од настаните од 27 април 2017 година и обидот за атентат врз претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села во Собранието.

Објавено на

часот

Сподели

Исен Шабани, потпретседател на Алијансата за Албанците на Села нагласи дека вчера бевме сведоци на сериозни и вознемирувачки снимки од Вевчанскиот карневал каде во најтешка, морбидна и скандалозна форма се исмеваа со настаните од 27 април и обидот за атентат врз претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села.

„Со враќањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, овој карневал како да се врати на старата традиција, кога во минатото беше познат по слични навредливи настапи кои поттикнуваа омраза кон Албанците. Го разбираме и фолклорот и сатирата, но не толерираме и не прифаќаме сатира за лични трагедии, за сериозни настани кои сами по себе претставуваат терористички чин, а уште помалку кога исмејувањето е насочено кон жртвата. Настапот на Вевчанскиот карневал е продолжение, можеби и посериозно од нападот и обидот за убиство од 27 април 2017 година. Бараме од надлежните органи и сите политички и институционални фактори да ги казнат ваквите постапки кои влијаат не само на личните и чувствата на семејството на господинот Села, но и на цел народ во земјава и пошироко“, рече тој.

Како што потенцира Исени, за овие дејствија организаторите и луѓето кои ја извршиле оваа сериозна и понижувачка претстава мора да сносат законска одговорност и такви случаи да не се повторат.

Одговарајќи на новинарско прашање дали Алијансата за Албанците или Европскиот фронт разговараат да предложат ново име на местото на претседателката на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади Илире Даути на која и беше изгласано интерпелација, Исени дека за ова прашање ќе се изјасни самата пратеничка.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ