СВР Охрид денеска соопшти дека пушката била одземена, а по целосно документирање на настанот, против вевчанецот ќе биде поднесена соодветна пријава.
„Полициски службеници од полициското одделение во струшкото село Велешта, синоќа во 20 часот и 30 минути во Вевчани, од слобода го лишија П.П.(67) од Вевчани. Тој се сомничи дека околу 18 часот, со воздушна пушка пукал кон кучиња, домашни миленици сопственост на Г.М. од Вевчани, кои на улица биле во придружба на сопственикот“, информира портпаролот Стефан Димоски.