сабота, 4 јануари 2025

Ветил помош за лекување од 7.000 евра, а украл 380

Вчера во ОВР Гостивар, 36-годишна жена од Гостивар пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 380 евра.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, лицето се претставило дека работи со хуманитарни организации од Косово и Албанија и дека за нејзино лекување биле обезбедени 7.000 евра, но за да ги добие требало да уплати 380 евра преку брз трансфер на пари. Како што е пријавено, таа позајмила пари и му ги пуштила, но веќе наредниот ден не одговарал на нејзините повици, по што сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ