среда, 23 октомври 2024

Ветераните го исвиркаа Додик, тој им покажа среден прст: „Не сакаа да му подадат рака“

На езерото Бардача кај Бања Лука вчера беше организиран Гастро фест, каде што се случи инцидент меѓу членовите на здружението Ветерани на одбранбено-патриотската војна и претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Додик на фестивалот дошол со хеликоптер, а кога минувал покрај шаторот во кој биле собрани ветераните, се случил инцидент. Тој им пришол да се ракува, но тие го одбиле, пишува Кликс. Потоа извикувале по него, а Додик се свртел и им го покажал средниот прст.

По заминувањето на Додик, двајца од придружбата на Додик им пришле на ветераните и еден од нив делувал агресивно.

„Точно е дека имаше непријатна ситуација кога Милорад Додик се приближи до нашата маса. Луѓето не сакаа да се ракуваат со него и почнаа гласно да се жалат, а тој се сврте и им покажа среден прст. Потоа, еден од членовите на неговото обезбедување почна да се расправа со нашите луѓе, но сепак беше спречен посериозен инцидент“, изјави потпретседателот на здружението Недељко Клинцов.

Бранислав Бореновиќ, претседателот на Партијата за демократски напредок (ПДП), за Кликс потврди дека тоа се случило и рече дека сѐ се случило неочекувано за десет секунди, а е објавено и на Икс.

За инцидентот зборуваше и претседателката на Народен фронт, Јелена Тривиќ, која рече дека кревањето на средниот прст на Додик е симбол на неговиот однос кон народот.

„Дезертер во војна, среден прст на борците во мир – тоа е Додик! Тоа е Милорад Додик. Ако не му беше јасно никому досега. Еднаш воен профитер и шверцер – секогаш воен профитер… Средниот прст на борците е среден прст за целиот наш народ! Средниот прст за борците е среден прст на Милорад Додик за цела Република Српска“, рече Тривиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ