сабота, 19 октомври 2024
Арсенал треба да биде загрижен

Вест Хем трие раце, Манчестер Сити испраќа понуда за Деклан Рајс

Објавено на

часот

Сподели

Арсенал имаше два неуспешни обиди за ангажман на Деклан Рајс, последниот предлог изнесуваше 75+15 милиони фунти.

„Топчиите“ наскоро ќе достават и трета понуда, но ризикуваат да ја загубат битката за потписот на Англичанецот, неколку извори пренесуваат дека Манчестер Сити се приклучува во трката.

Актуелниот шампион во Премиерлигата решил да повлече потег откако стана јасно дека Илкај Гундоган ќе се пресели во Барселона, па денеска ќе биде доставен конкретен предлог до Вест Хем.

Манчестер јунајтед исто така го мерка Деклан Рајс, вчера се појавија гласини кои велеа дека „ѓаволите“ нудат трампа, односно пари плус Вест Хем да одбере еден од Хари Мегваер и Скот Мектоминеј.

Вест Хем токму ова го сакаше, што повеќе клубови да испратат понуди за тие да можат да инкасираат преку 100 милиони фунти од продажбата на Деклан Рајс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ