По бајковитиот старт на сезоната, Тотнем врза пет натпревари без победа во Премиерлигата. Денеска на свој терен беше поразен од градскиот ривал Вест Хем.
Фудбалерите на Анге Постекоглу одиграа фантастично прво полувреме во кое имаа водство преку Ромеро од 11. минута, но работите се променија во вториот дел.
Бовен во 52. минута го изедначи резултатот на 1-1, а Ворд-Праус во 74. минута погоди за комплетен пресврт и победа на Вест Хем од 2-1.
Евертон освои три големи бода во борбата за опстанок каде се најде по одземените десет бода. Карамелите со 3-0 го совладаа Њукасл.
Мрежите мируваа се до 79. минута кога Мекнил погоди за водство на Евертон од 1-0. Седум минути подоцна Докуре погоди за 2-0, веќе беше јасно кој ќе биде победникот на овој дуел.
Во шестата минута од судиското продолжение, Бето постигна гол и ги постави конечните 3-0.