петок, 18 октомври 2024

Вест Хем го елиминираше Арсенал од Лига Купот (ВИДЕО)

Вест Хем со 3-1 го победи Арсенал и се пласираше во четвртфиналето од ФА Купот, Ливерпул славеше гостински триумф кај Борнмут од 2-1, Челси со 2-0 го совлада Блекбургн.
 

Објавено на

часот

Сподели

Чеканите ја добија лондонската пресметка против топчиите. Арсенал статистички доминираше на теренот, но головите ги постигнуваше Вест Хем.

Резултатот беше отворен во 16. минута кога Бен Вајт си постигна автогол, со тој резултат се замина на полувремето.

По пет минути игра во вториот дел Кудус зголеми на 2-0, а десет минути подоцна Боуен погоди за 3-0. Во судиското продолжение од натпреварот по една убава акција Одегард постигна почесен гол за Арсенал.

Ливерпул се пласираше во четвртфиналето откако со 2-1 славеше на гостувањето кај Борнмут.

Коди Гакпо во 31. минута донесе водство за црвените, Џастин Клајверт во 64. минута го изедначи резултатот, но само шест минути подоцна Дарвин Нуњез ја врати предноста на Ливерпул и ги постави конечните 2-1.

Меѓу осумте најдобри оди и Челси кој со 2-0 го победи Блекбурн. 

Бадиашил во 30. минута погоди за 1-0, а по 15 минути игра во вториот дел Стерлинг ја запечати победата за конечни 2-0.

Со 3-0 Евертон го доби дуелот со Барнли, Фулам со 3-1 победи на гостувањето кај Ипсвич.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ