сабота, 19 октомври 2024

Вербален напад врз градоначалникот на Желино причина за физичка пресметка меѓу двајца соселани

Денеска во 14:15 часот О.И. од село Стримница, Tетовско, самиот се пријавил во полициското одделение Групчин откако во угостителски објект во селото со остар предмет му нанел убодна рана на својот соселанец Ф.Б. кој е пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното во СВР Тетово, претходно, околу 13:35 часот во дворот од џамијата во селото Стримница, Ф.Б., вербално го нападнал градоначалникот на општина Желино, а физички го нападнал И.И., татко на О.И., по што избегал.

„Околу 14 часот, според пријавеното, Ф.Б. дошол во угостителскиот објект каде бил О.И., по што настанала расправија и О.И. му нанел убодна рана на Ф.Б.. СВР Тетово во координација со јавен обвинител од ОЈО Тетово презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот“, информираа од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ